Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, не планира и во новата сезона да ги користи услугите на проблематичните фудбалери Мејсон Гринвуд и Џејдон Санчо. Крилните напаѓачи моментално настапуваат како позајмени фудбалери во дресовите на Гетафе и Борусија од Дортмунд, а „црвените ѓаволи“ планираат повторно да ги позајмат.