Илустрација/Фото: Архива

Денеска во Прилеп своето право на глас на претседателските избори ќе го остварат
болните, изнемоштените лица и затворениците. Според информациите од Општинската
изборна комисија Прилеп, за домашно гласање пријавени се 291 болно и изнемоштено
лице.

Во Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески Платник“ ќе гласаат 68
штитеници, од кои 33 се од Прилеп, а останатите од другите градови. Во прилепскиот
затвор право на глас имаат 104 затвореници.

Валентин Божиноски, претседател на ОИК Прилеп, вели дека гласањето се одвива од утринските часови и без никаков проблем.

Инаку, во Прилеп се регистрирани 62.082 граѓани со право на глас, кои утре ќе
можат да гласаат на едно од 142-те избирачки места во градот и населените места. Ка.М.