Лондонскиот премиерлигаш Челзи планира за време на летниот преоден рок да стави крај на соработката со неколку фудбалери. Излезната врата од „Стемфорд Бриџ“ прво ќе му биде покажана на белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку кој моментално настапува како позајмен играч во дресот на калчолигашот Рома, а потоа и на централниот дефанзивец Тревор Чалоба.