ВИДЕО: Бугарски новинар извадил пиштол па доби притвор: Стапица или хулиганство, прашуваат колегите

Бугарски новинар извади пиштол пред продавница/Фото: Скриншот/YouTube

Бугарскиот новинар Димитар Стојанов од Bird.bg доби 24 часа притвор. Тој вчера бил вмешан во скандал во кој извадил пиштол и го вперил кон државен службеник од Националната агенцијата за приходи (НАП), пишуваат бугарските медиуми.

Жртвата поднела пријава во полиција, а бугарското МВР објави снимка од безбедносни камери на која се гледа дека Стојанов го извлекува и го вперува оружјето.

Инцидентот се случил во населбата „Хаџи Димитар“ во главниот град на Бугарија.

Вчера, пак, Стојанов на социјалните мрежи опишува сосема друга приказна.

„Дури и кога купувате мирно, секогаш има некој кретен што ќе ве нападне затоа што купувате во продавница што не ја сака. Ако не се исплашите, тој ќе побегне, а потоа ќе ве нападне во грб, те тепа како лута жена и ќе ти објасни како ќе те убие, уште се прашувам дали е провокација или идиот“, напиша Стојанов на Фејсбук.

„Новинарот на БИРД Димитар Стојанов е приведен од Министерството за внатрешни работи по поплака на службеник на НАП. Ова се случува додека истражуваме како зетот на министерот Калин Стојанов, функционерот на НПА, Георги Шурелов, избега од правдата откако беше уапсен за рекетирање. Нешто е нејасно?“, напиша кусо медиумот во кој работи Стојанов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот