Наскоро предлог за воведување задолжителен воен рок во Србија

56

Имајќи предвид дека воената неутралност е една од појдовните точки на Стратегијата за национална безбедност на Република Србија и дека Стратегијата за одбрана ја изразува определбата дека заштитата и остварувањето на одбранбените интереси се засноваат на моделот на целосна одбрана, неопходна е обука на најширокиот дел од населението за воена служба, посочува началникот на Генералштабот на Армијата српскиот генерал Милан Мојсиловиќ.

Според него, ГШ на задолжителната воена служба гледа како долгорочно решение за постигнување на потребниот квалитет на персоналот и старосната структура на воените единици, односно резервниот состав на српските вооружени сили.

Проценката и предлогот за враќање на обврската за отслужување на воениот рок, со модел предлог, ќе го доставиме до врховниот командант на вооружените сили на Србија и претседателот на Републиката, Александар Вучиќ, до крајот на месецот, изјави Мојсиловиќ за Политика. Бидејќи задачата ја добивме од врховниот командант, не би било коректно јавно да зборуваме за нејзината содржина пред да го поднесеме бараниот предлог, рече Мојсиловиќ.

Тој објасни дека Генералштабот разработил неколку можни модели на воена служба, со јасно утврдени позитивни и негативни ефекти, врз основа на кои е препознаен и избран оптималниот модел.