Басти ја остави Англија без зборови откривајќи што му правел Мурињо

1298

Уште една приказна која го привлече вниманието на јавноста, доаѓа од Англија, поточно истата се има случено пред неколку години.

Приказната ја раскажа Бастијан Швајнштајгер, а поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, остана без зборови кога слушнал што му направил Жозе Мурињо на поранешниот германски репрезентативец.

Манчестер Јунајтед го донесе победникот на Светското првенство во летото 2015 година, но неговиот престој на „Олд Трафорд“ не помина како што сите се надеваа.

По дебито, Швајнштајгер се повреди, а поголем дел од сезоната беше надвор од терените поради повреда на лигаментите на коленото.

Швајнштајгер се опорави за настапот на ЕП 2016 година, но кога се врати во клубот Луис Ван Гал повеќе не беше менаџер Манчестер Јунајтед туку Жозе Мурињо.

Швајнштајгер не беше „по вкус“ на Португалецот, а започна само еден натпревар од првата минута во сите натпреварувања.

Зборувајќи со легендата на Манчестер Јунајтед, Гери Невил, Швајнштајгер откри низ што поминал додека бил во тимот на „црвените ѓаволи“.

Тој изјави дека Мурињо веќе на првиот ден од тренингот решил да го отстрани од соблекувалната на првиот тим.

„Ми беше роденден, дојдов на првиот ден од подготовките, но Џон Муртоу ми рече дека не можам да влезам во соблекувалната и дека тренерот така наредил“, изјави Швајнштајгер.

„Нема предупредување?“, праша шокираниот Невил.

“Да, ништо не се случи пред тоа. Само ми го кажа тоа. Не ми беше лесно да го слушнам тоа”, изјави Швајнштајгер.

Германецот призна дека се уште нема поим зошто Мурињо не му го кажал сето тоа во лице.

„Можеше да дојде и да ми каже дека има проблем или едноставно да ми објасни на нормален начин. Бев во соблекувалната со младинците, а тренирав сам со У-16 тимот. На сите им беше јасно што значи сето тоа“, откри Швајнштајгер.

Басти беше член на тимот од Манчестер до март 2017 година кога се пресели во Чикаго Фајр од МЛС.