ФОТО: Мандолинскиот оркестар – Скопје двапати вратен на бис на мандонски фестивал во Анкара

Фото: Фејсбук, Ерхан Шукри

На 6 и 7 април во Анкара се одржа мандонски фестивал на кој учествуваше и „Мандолинскиот оркестар“ – Скопје, под диригентската палка на Рамадан и Ерхан Шукри.

Фото: Фејсбук, Ерхан Шукри

-Нашиот подмладен оркестар на возраст од 12-17 годишна возраст беа ѕвезди на фестивалот во Анкара на кој учествуваа 30 оркестри. Беа поздравени со огромен аплауз и со овации на нога беа исптратени од сцена. Иако минутажата беше ограничена бевме единствен оркестар кој беше двапати вратен на бис, и тоа лично од директорката на фестивалот г-ѓа Серпил Диндар Озјуксел. Честитки до нив за одличната организација. На наше огромно задоволство на нашиот настап присуствуваше и нашиот амбасадор, г-динот Манасиевски со кого остваривме и срдечна средба, горд на нашето презентирање на нашата држава во Анкара, вели Ерхан Шукри.

Фото: Фејсбук, Ерхан Шукри

Фестивалот се одржа во салата на познатиот музичар Муса Гочмен кој заедно со многу познати музичари кои беа присутни на нашиот настап дадоа највисоки оценки за нашиот оркестар.

Фото: Фејсбук, Ерхан Шукри

-Нашиот мандолински оркестар доживува нова ренесанса и се надеваме дека ќе бидеме иницијатори и потикнувачи повторно да се врати мандолината насекаде во цела наша Македонија. Мандолинското музицирање е од национален интерес за нашата држава и преставува културен идентитет на Македонија. Македонија треба да е горда што има во свои раце, додава Шукри.

Фото: Фејсбук, Ерхан Шукри

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот