ПОВЕЌЕ

    „Гранит“: Дивиденда од акумулираната добивка, ланскиот профит ќе се реинвестира

    Време зa читање: < 1 минутa

    Акционерите на градежната компанија „Гранит“ ќе поделат дивиденда од речиси 1,9 милиони евра. Износот е обезбеден од нераспределените добивки остварени до крајот на 2008 година. Профитот, пак, произлезен од ланското работење е наменет за реинвестирање. Со овие предлози се оди на акционерското собрание кое ќе се одржи на 23 мај.

    Дивидендата ќе се пресметува врз бруто износ по акција од 42 денари. Вкупната сума што ќе се распредели меѓу акционерите, исто така бруто, е 116.348.568 денари.

    Според календарот, последен ден за тргување со право на дивиденда е пети јуни. Датумот за евиденција, по кој се определува акционерската листа, е седми јуни.

    Минатата година, градежната компанија присутна и на домашниот и на странските пазари, ја заврши со добивка од 2,47 милиони евра. Тие пари, како што е предвидено во предлог-одлуката, ќе бидат реинвестирани.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично