ВИДЕО | Петар Грашо: Татко ми ми рече дека ќе го умрам и за три години ќе ни пропадне бизнисот 

Петар Грашо / Фото: Промо

Освен што е успешен пејач и автор, Петар Грашо е и добар угостител, во својот семеен ресторан во Сплит, кој го водеше до пред неколку години.

Хрватскиот пејач во емисијата „Еден на Еден“ раскажа како го убедувал татко му дека мораат да направат измени во ресторанот.

„Кога му реков на тато ми дека по 20 години мораме нешто да смениме, дека не можеме да служиме поховано пилешко како сите други, и да воведеме ориз со парчиња злато и сирова риба во која ќе ставаме лимони и треви, тој ми кажа: Сине, ти благодарам што ќе умрам, и за три години сите ќе пропаднеме. Нема многу да се мачиме“, рече Грашо кој на 26, 27 и на 29 април ќе одржи концерти во Скопје, а на 30 април во Струмица.

Целата емисија од вториот дел од разговорот со Грашо е достапна на јутјуб каналот на „Еден на Еден“ на овој линк.

(Комерцијален текст)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот