ПОВЕЌЕ

    ADEX GROUP е новооснованата заедничка берза на струја на Унгарија, Србија и Словенија

    Време зa читање: 2 минути

    Унгарија, Србија и Словенија потпишаа договор за интеграција на трите берзи за електрична енергија во рамките на Адекс Груп. Ќе биде во сопственост на нивните преносни системски оператори МАВИР, ЕМС и ЕЛЕС, соодветно, и ЕПЕКС Спот, во рамките на проектот BlueSky.

    Адекс Груп, како што ќе се вика операторот на новоформираната заедничка берза за електрична енергија ќе биоде лоциран во Будимпешта. Фирмата ќе биде единствен акционер на словенечката берза BSP SouthPool, унгарската HUPX и српскиот SEEPEX.

    Нивни соодветни сопственици се операторите на електропреносните системи на трите земји ЕЛЕС, МАВИР и Електромрежа Србија (ЕМС). Оператор за размена EPEX Spot е четвртиот партнер во Adex Group. Компаниите рекоа дека се отворени за прифаќање повеќе акционери.

    BSP SouthPool, HUPX и SEEPEX остануваат оператори на нивните постоечки пазари.

    Проектот за поврзување на енергетските берзи на трите држави прво е инициран во 2018 година, како Алпско-јадранската дунавска берза на електрична енергија – АДЕКС беше првата основана која работеше низ Централна и Југоисточна Европа (ХЈИЕ). Основана е кон крајот на 2022 година од ELES, EMS и EPEX Spot.

    Интеграцијата ќе овозможи поедноставно и поефикасно тргување со електрична енергија во регионот, изјави министерката за рударство и енергетика на Србија Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. „Заедничката платформа за тргување за сите три берзи дополнително ќе го поттикне развојот на регионалниот пазар на електрична енергија и ќе обезбеди робусна и доверлива пазарна средина неопходна за нови инвестиции. Тоа позитивно ќе влијае на развојот и интеграцијата на обновливите извори на енергија и во регионот“, изјави таа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично