Обилни врнежи од дожд проследени со грмежи

by Fokus

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни, проследени со грмежи, особено во западните и јужните делови на земјата.

Ова денеска го соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од каде посочија и дека минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степен.

„Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец“, соопшти УХМР.

Во Скопје, пак дождот повремено ќе биде пороен и проследен со грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер

„Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени“, информираат од УХМР.

И во среда и во четврток се очекува времето да биде проследено со пороен дожд и услови за грмежи.

Според прогнозата на УХМР, потоа следи период на стабилно време и повисоки температури.

Поврзани новости