НБА кошаркарите одлучија – Јокиќ е МВП на сезоната

23. Април 2024. @ 06:261 мин. читање

Американскиот портал Атлетик направи анонимна анкета во која учествуваше 141 кошаркар, а се однесуваше на добитникот на наградата за најкорисен играч во НБА сезонава.

Официјално, во конкуренција за престижното признание се Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Шеј Гилџес-Александер, а безмалку 42% од анкетираните одговориле дека наградата ја заслужува српскиот репрезентативец.

Канадскиот кошаркар добил 36,9%, а за Дончиќ само 9,9%.