ВИДЕО | Интер го победи Милан и го освои 20. Скудето во својата историја

Фото: EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Екипата на Интер ја заокружи одличната сезона во Серија А со освојување на шампионска титула, а за задоволството да биде поголемо тоа го направи со победа против градскиот ривал.

Интер целосно го надигра градскиот ривал со победа од 1:2 и така го прослави јубилејното 20. скудето во својата историја.

Резултатот го отвори Ачерби со гол со глава од корнер. На почетокот на второто полувреме водството на „нероаѕурите“ го зголеми Маркус Турам. До крајот на натпреварот Томори стрелаше за конечен 1:2.

До крајот Интер успеа мирно да го приведе натпреварот кон крајот, додека фудбалерите на Милан ги загубија нервите и натпреварот го завршија и две исклучувања. Црвени картони добија Тео Ернандез и Калабрија. Во редовите на Интер исклучен беше Дамфрис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот