Митрески: Со ветингот ќе провериме дали судиите и обвинителите имаат интегритет да носат одлуки

Јован Митрески, пратеник од СДСМ/ Фото: Скриншот

Ветингот не значи распуштање на сите судии, туку целосна нивна проверка. Без разлика дали е на имот или било каква. Утврдување дали поседуваат интегритет да носат заначајни одлуки, бидејќи нивните одлуки се поврзани со секоја област и бизнис, и здравство, образование- рече носителот на листата во ИЕ5 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Јован Митрески во „24 отворено“ на ТВ24.

Тој додаде дека со ветингот граѓаните ќе имаат целосен увид во тоа кој носи судски одлуки, но и кои ги претставува.

-Таму има и чесни луѓе, луѓе кои имаат интегритет. Не се сите корумпирани. Треба да се направи прочистување и тоа е нашиот план за следниот период- рече Митрески.

Тој додаде дека изборот на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, ќе биде по теркот на ДКСК, односно сите кандидати во Собранието пред пратениците и претавници на невладиниот сектор ќе бидат оценувани, по што ќе се бираат тие со најдобри оценки.

„Имало обид за внесување на Бугарите во 1991 година во Уставот како малцинство или заедница, потоа во 2001 по Охридскиот рамковен договор и во 2018 по Преспанскиот договор. Со тоа се прави разлика меѓу двата народа, помеѓу Македонците и Бугарите. Зошто не биле внесени? Бидејќи тие не сакале“ рече Митрески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот