Ковачевски: Мицкоски е ист како Груевски, ќе изгуби уште 11 години од нашите животи

Димитар Ковачевски
Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество – порача од митингот во Свети Николе лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски.
Според него, само со ЕУ можеме да ги подобриме состојбите во сите сегменти на општеството. „Од ова, нема откажување“, порача претседателот на СДСМ.
Ковачевски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нуди план кој не е план.
„Христијан Мицковски е новиот Никола Груевски. Исто како неговиот ментор и тој ќе го одложува патот кон ЕУ. Исто како неговиот ментор и тој ќе ја обвинува ЕУ за неговите неуспеси, нагласи Ковачевски, додавајќи дека Груевски и Мицковски ќе изгуби уште 11 години од нашите животи, од животите на нашите деца, на нашите внуци. На прагот сме на еден историски подвиг – Македонија – земја членка на ЕУ, поминавме многу време во чекалната, сега е време е за Европска Македонија, затоа, нема откажување од европскиот пат на земјава“, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Свети Николе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот