Навивач патувал 11 месеци и поминал 7.000 километри со велосипед за да го гледа Манчестер Јунајтед на „Вембли“

Фото: Emirates FA Cup /X

Ковентри и Манчестер Јунајтед вчера одиграа возбудлив натпревар во ФА Купот во кој второлигашот успеа да се врати од негатива 0:3, но на крајот „црвените ѓаволи“ сепак славеа по изведувањето на пенали.

Овој натпревар вечно ќе го памети навивач од Монголија кој дури 11 месеци патувал со велосипед за вчера да биде на „Вембли“.

Навивачот по име Очирани Батболд патувал од Монголија до Англија за првпат во живо да го гледа својот омилен клуб. Неговото патешствие траело скоро 11 месеци, а на крајот присуствуваше на драматичен натпревар во кој Јунајтед се радуваше на пенали.

„Манчестер Јунајтед за мене е синоним за драматични натпревари и кам-бекови. На „Театарот на соништата“ се појавиле многу големи играчи, Сер Алекс Фергусон создаваше неверојатна приказна во која пораката беше дека нема откажувања“, изјави Батболд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот