Цветната метропола на Холандија: Алсмер – миризлив град во кој дневно се продаваат по 19 милиони цвеќиња

163

Цвеќиња, цвеќиња и уште повеќе цвеќиња. Накратко, вака би можела да се опише ситуацијата во Алсмер – мало холандско гратче, каде што не цветаат илјада, туку милион цвеќиња.

Од почетокот на април до средината на мај, северна Холандија се претвора во шарен тепих од цвеќињата во сите бои кога лалињата се во полн цут.

Малиот град Алсмер, на половина час од Амстердам, е познат како цветна метропола на Холандија. На секои три месеци се менува поставката во Музејот на цвеќето, а секое утро се одржува најголемиот саем на цвеќе во светот – Bloemveiling. Она што е особено интересно во случајов е дека во ова гратче се продаваат 19 милиони цвеќиња дневно.

Овој интересен настан, всушност слободно може да се каже спектакл, можете да го посведочите од 7 часот наутро, кога на пазарот почнуваат да пристигнуваат камиони со цвеќиња кои подоцна клиентите ќе ги испратат на сите адреси низ светот. Секој ден во неделата се продаваат околу 19 милиони цвеќиња, а дневниот промет е околу 6 милиони евра.

И јоргованите потекнуваат од оваа област

Дури 95 отсто од светските јорговани потекнуваат од оваа област. Виолетовата боја ја симболизира љубовта, сината ја симболизира среќата, розовата ја симболизира страста, а белата ја симболизира невиноста.

Посебно е привлечно да се прошетате со брод низ езерото Вестиндерпласен, каде што островчињата полни со цвеќиња формираат вистински лавиринт. Иако лилјаните растат насекаде низ светот, техниката на одгледување од Aalsmeer е единствена.

За да одгледувате лалиња, треба да отпатувате во Beemster, место на светско наследство на УНЕСКО од 1999 година. Сопствениците најверојатно ќе ви дозволат да ја видите нивната фарма со лалиња и да шетате меѓу цветните леи. За целосно искуство, не пропуштајте да го пробате автохтоното сирење од фризиските крави кои пасат на блиските влажни пасишта.

Така, накратко, ако сте љубител на цвеќиња, еднаш во животот знаете каде да одите во април.