Хороскопски знаци кои сакаат да се во пар: Не сакаат да бидат сами и секогаш ја бараат вистинската љубов

Фото: Pexels/Dziana Hasanbekava

Некои хороскопски знаци навистина уживаат во самостојниот живот, но има и такви кои не го претпочитаат тоа.

Тие едноставно сакаат да бидат во врска, да го делат просторот и времето со саканата личност и прават сè што можат за да го најдат совршениот партнер со кој ќе развијат чувство на припадност, пренесува „Сторибук“.

Иако се способни да уживаат во периоди на осаменост, тие се чувствуваат најисполнето кога се во врска. Во продолжение, дознајте за кого станува збор.

Бик

Биковите не се чувствуваат целосни додека не најдат личност која им е близу срцето. Како знак со кој владее Венера, планетата на љубовта, Бикот мечтае за први состаноци, романтични вечери и заљубување.

Не сакаат кога запаѓаат во фаза на осаменост, фаза во која на хоризонтот на животот не гледаат име на кое може да се радуваат, а нивната долгорочна цел е да најдат добар партнер за да тие можат да паднат во удобна и пријатна рутина заедно. Ова е одраз на фактот дека Бикот е земјен знак кој ужива во стабилни врски.

Рак

Ракот е управуван од Месечината, која ја отелотворува безбедноста во сите форми, вклучувајќи ја и емотивната. Ракот е емпатичен воден знак и е одличен во тоа да ги утеши оние околу него. Овој знак копнее по стабилност во врската, а бидејќи не се чувствува најдобро во статусот сингл, ќе вложи многу енергија во пронаоѓањето на некој со кој ќе планираат заедничка иднина.

Уживаат во заедничкото будење, но и во тоа што имаат кај кого да се вратат дома и секогаш се трудат да го изненадат партнерот со мали изненадувања и дружења, бидејќи така се чувствуваат целосно.

Вага

Вагите се знак кој нема да има проблем да посегне по сите контакти и апликации за запознавање, затоа што едноставно не се чувствуваат добро кога се сингл. Треба да се напомене дека без разлика на потребата за поврзување, Вагите нема да останат во односи и врски кои не ги исполнуваат.

Доколку заклучат дека врската не оди во вистинска насока, нивните мисли веќе ќе бидат насочени кон следната можност да се обидат да постигнат нова врска. Ова може да ги внесе во врски кои се драматични, но тие ги прифаќаат само за да не бидат сами. Флертуваат и го сакаат чувството да се заљубени, а во моментите на осаменост ќе им се обратат на најблиските пријатели за да ги наполнат емотивните батерии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот