Дали некогаш сте помислиле…За што служи металниот дел на крајот од саламата?

571
screenshot Instagram

Кога јадеме салама (шунка, мортадела, пилешка…) прво нешто што правиме е тоа што го отсекуваме горниот дел од заштитната фолија, а потоа рачно ја лупиме фолијата од цревото со месо и сечеме парчиња по потреба.

И сигурно е дека никој не обрнува внимание на металниот дел на горниот или долниот крај на саламата кој ја држи фолијата завиткана околу цревото со месо. Дали некогаш сте помислиле дека тој има друга цел освен да го обезбеди цревото? Или ако мислите дека знаете за што служи металниот дел на обвивката од саламата или колбасот, веројатно многу се лажете.

Неодамна на Инстаграм се појави едно видео кое многумина ги изненади.

На него една жена покажува за што служи металниот дел на врвот на саламата. Металниот дел всушност се користи за вртење и со тоа остранување на обвивката (фолијата), а на тој начин постепено се отвора сувомесниот производ.

Значи кога јадете салама, сè што треба да направите е да ја пресечете саламата на половина, па да почнете да го вртите металниот дел кој пополека ќе ја отстранува фолијата од месото. На тој начин ќе ја исечете саламата без никакво претходно лупење.