Ваљадолид го претстави засилувањето од Вардар
Ракометарот на Вардар, Мартин Карапелвски од наредната сезона ќе настапува за тимот Ваљадолид од Шпанија, ова беше потврдено од пред неколку дена, а денеска стигна потврда и од шпанскиот клуб.
Ваљадолид во шпанскиот тим ќе се придружи на двајцата македонски ракометари кои веќе се овој клуб, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски. Исто така Карапалевски повторно ќе игра под водство на Давид Писонеро со кого соработуваше во Вардар.
„Мартин е македонски централен бек од генерацијата 2000, кој го знам од Светското првенство У19 од Скопје и јас сум тој кој го внесе во првиот тим на Вардар. Тој е млад играч со потенцијал и веќе со искуство во Лигата на шампионите, Европската лига и македонската лига. Тој не е многу висок, но е интелегентен, тој е добар во играта еден на еден и има добра конекција со пивотот. Исто така тактички е добар. Се надеваме дека ќе се развива во Ваљадолид на одличен начин и ќе ја оправда довербата која ја имаме во него, а таа е голема“, изјави тренерот Писонер.
Во овој момент Ваљадолид е на седмото место во АСОБАЛ лигата со освоени 23 бода.
🤾♂️El Recoletas sigue dando pasos en la confección de la plantilla para la próxima campaña y ficha al central Martin Karapalevski para las 2 siguientes temporadas.
🇲🇰El jugador de Macedonia del Norte, se unirá al Recoletas procedente del @HCVardar https://t.co/CQG9Q0L8FW
— Recoletas Atlético Valladolid (@atlvalladolid) April 22, 2024