Рецепт за домашни пирошки со шунка и сирење, повкусни не сте пробале!

Фото: Maxim Tatarinov / Panthermedia / Profimedia

Пирошките можете да ги наполните со различни состојки, а денешниот рецепт е за меки пирошки со сирење и шунка.

Состојки:

– 500 грама брашно

– 25 грама квасец

– 2 дл млако млеко

– 1 лажиче шеќер

– 2 компири

– 50 грама маргарин

– сол

– 2 јајца

– 150 грама шунка

– 200 грама сирење

Подготовка:

Компирите се мијат и лупат, па се варат во солена вода. Откако ќе се сварат, се цедат и пасираат со малку сол.

Се соединува млекото со шеќерот, малку брашно како и квасецот во еден сад, па се меша и се остава да надојде.

Се става половина од брашното со јајцата, па компирите и маргаринот, а потоа се додава и квасецот кој стасал.

Се додава и преостанатото брашно и се меси со раце.

За филот – исечете ја ситно шунката и издробете го сирењето.

Тестото расукајте го, ставете од филот и сечете правоаголници, па залепете ги краевите.

Пирошките пржете ги во масло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот