ЦИВИЛ ќе спроведе мониторинг на претседателските избори со 51 набљудувач

Џабир Дерала, претседател на Цивил/ Фото: "Слободен печат"/Драган Митрески

Здружението на граѓани ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе спроведе мониторинг на Претседателските избори за кои првиот круг кој ќе се одржи задутре со 51 акредитиран набљудувач, а ќе го следи и почитувањето на изборниот молк што стапува во сила ноќеска на полноќ, најави Џабир Дерала од ЦИВИЛ на прес-конференција.

-Сите набљудуваќи на ЦИВИЛ ќе бидат мобилни и ќе посетуваат поголем број на избирачки места. Како и секогаш ќе спроведуваат мониторинг на поширокиот регион каде се распоредени. Тие ќе бидат во постојана комуникација со граѓаните и прес-центарот и ќе прибираат информации, рече Дерала.

Нивниот мониторинг за изминатиот период покажал оти кампањата во контекст на Парламентарните и Претседателските избори е почната уште во средината на 2023 година. – Една од главните одлики на политичката кампања во изминатиот период се дезинформациите, говорот на омраза и антизападните наративи кои дел од политичките ентитети во земјава ги користат како главно пропагандно орудие за постигнување предност пред политичките ривали, рече Дерала.

Според него, мониторингот на ЦИВИЛ секојдневно бележи најмалку по 100 случаи на говор на омраза на социјалните мрежи кои се насочени кон кандидатите за претседател/претседателка, како и кон нивните симпатизери.

-Политичката сцена во земјата е целосно зафатена со националистичка пропаганда. Во тој контекст се бележат голем број случаи на говор на омраза по етничка основа, а често и изрази и пораки кои спаѓаат во кривичното дело ширење етничка, верска и расна омраза. И во медиумите како и во јавните настапи на политичките ентитети се бележи тон на остра дескридитација против политичките противници, а неретко и националистички пораки и наративи, наведе Дерала.

Тој соопшти и дека анализата на мониторинг тимот на ЦИВИЛ покажала дека постојат поголем број трол фабрики кои коментираат на социјалните мрежи во ист или сличен стил од различни места.

-Освен кон политичките ентитеи, ЦИВИЛ регистрира говор на омраза и закани и кон интелектуалци, новинари и активисти. Денеска бележиме директна закана по безбедност на новинарка која напиша тема од светот која не е директно поврзана со нашата земја. ЦИВИЛ бара од одговорните институции да преземат законски чекори да го сопрат овој дискурс во јавната комуникација и има потенцијал сериозно да ги загрози демократските процеси, рече Дерала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот