Ново име во РК Вардар, Томче Стојановски се врати по седум години

Фото: РК Вардар

Вардар активно работи на засилувања што ќе можат да одговорат на барањата на стручниот штаб за следните сезони, а како дел на таа заложба тимот ангажираше нов ракометар. Томче Стојановски (25) е дете на Вардар кој после седум години повторно се враќа во својот матичен клуб каде ги почна ракометните чекори и ги мина сите младински категории.

Стојановски игра на бековска позиција и е еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Лани беше прогласен за најдобар одбранбен играч во изборот на специјализираниот ракометен портал „24ракомет“ каде гласаа читатеи, новинари и тренерите од Супер лигата.

Откако ги мина младинските категории, под водство на Зоран Петковски и на Стојан Петрушевски, тогаш младиот Стојановски стигна и до вториот тим на Вардар. Но, стигна покана од тимот на Бутел кој тогаш почна да се натпреварува и со овој скопски клуб ги постигна најголемите успеси, меѓу кои и играње во европските купови.

Вардар со Стојановски добива засилување во одбраната, но секако и подолга клупа за нападот. „Црвено-црните“ го задржаа костурот на тимот и со новите засилувања повторно подготвуваат конкурентен тим за домашното првенство и за настапот во европскит екупови.

„Потекнувам од школата на Вардар и секако ми годи оваа покана. не се двоеумев многу. Ги минав сите млади категории во овој клуб, и среќен сум што клубот ме следеше во претходните сезони, а јас со своите настапи им го привлеков вниманието. Конкуренцијата во Вардар е голема, но јас сум подготвен за борба, и знам дека секоја конкуренција е добредојдена. Сакам да освојувам трофеи со Вардар, и убеден сум дека овој тим тоа го може. Едвај чекам да почнам да тренирам и грам со моите нови соиграчи, вели Томче Стојановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот