Семејна трагедија на пејачката Стојне Николова: Татко ми почина млад, на 40-годишна возраст, од мозочен удар  

720

Познатата фолк-пејачка Стојне Николова не е од оние што зборуваат за својот приватен живот. Сепак, таа направи исклучок, па неодамна, гостувајќи во поткастот кај Стефан Лазаров, ја остави нацијата без здив. Затоа и има толку емотивни реакции од луѓето, кои се полни со разбирање и со изрази на сочувство. Стојне се сети на најтешките моменти од својот живот:

– Тоа ми е многу тешка тема за муабет. За татко ми, кој беше најбитниот човек во мојот живот, мој идол. Човекот што живееше за мене, за моите браќа. Бевме едно многу среќно семејство. Тој беше многу среќен што влегов во водите на музиката. Знаеше дека многу го сакам тоа. Имав многу, многу голема поддршка од него.

Еден ден, кога требаше да ме носи на настап, не отидовме, туку се вративме дома. Кажа дека му е лошо и наеднаш падна пред сите нас. И толку беше. Веднаш го однесовме во болница, но ништо не можеа да направат таму. Татко ми доби мозочен удар, како гром од ведро него. Беше многу млад.

Почина на 40 години. Тоа дефинитивно нè скрши сите нас во фамилијата.                     А, трагичниот настан се случи токму во тој најубав период, кога го подготвував мојот прв албум. За жал, татко ми не доживеа да ги слушне песните од албумот – раскажа Стојне и се расплака.  (фото:ФБ)