Момчето Македонче, Мики Секуловски, растура во „Ѕвездите на Гранд“ – Цеца Ражнатовиќ го фали „со цела уста“  

5474

Мики, Мики Велики од Велес – како ретко музичко освежување!

За сите членови на жирито, Мики е големо освежување, па воопшто не се штедат да го испофалат. Драган Стојковиќ-Босанац го праша Мики колку куќи има, на што тој му одговори дека има една, и тоа недовршена. По тоа, композиторот му порача дека со „Ѕвездите на Гранд“ ќе заработи за уште две поубави куќи                                                                

Со својот последен настап во балканското ТВ-шоу „Ѕвездите на Гранд“, триесет и седумгодишниот велешанец Мики Секуловски повторно ги воодушеви сите. Ова наше харизматично момче Македонче, како што нагалено го викаат (Мики, Мики Велики) таму, во Белград, продолжува да добива комплименти на сметка на своето пеење, но и на сметка на својот физички изглед. Впрочем, за сите членови од жирито, тој е големо освежување, па воопшто не се штедат да го испофалат.

Балканската фолк-ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ, не ги крие емоциите, преку кои го фали, „со цела уста“, неговото пеење. На социјалните мрежи, преку Инстаграм, таа најчесто објавува снимки од настапите на Мики и од уште неколкумина свои фаворити.

Рокерот Ѓорѓе Давид смета дека таквото пеење на Секуловски „речиси никаде го нема слушнато“. А, Секуловски првпат се претстави пред публиката и пред жирито со она што му е најсилна страна – оперското пеење.

Бидејќи не беше присутна неколку емисии наназад, највоодушевена, па и најизненадена беше Ана Бекута, која прва коментираше за настапот на Мики, особено со онаа оперска изведба на песната „Рујна зора“.                                                 Драган Стојковиќ-Босанац го праша колку куќи има, на што Мики одговори дека има една, и тоа недовршена. По тоа, композиторот му порача дека со „Ѕвездите на Гранд“ ќе заработи уште за две поубави.

– Многу убаво ти кажа Босанац. Доколку продолжиш да напредуваш вака во ова шоу, ќе имаш доволно пари за уште две поубави куќи – му порача на Мики Саша Поповиќ, еден од основоположниците на шоуто.

И ете така, додека познатите личности постојано се фалат со животот на висока нога, овие другите, кои допрва почнуваат и зачекоруваат на естрадната сцена, воодушевуваат со својата скромност. Имено, Мики скромно се пофали (преку ФБ) дека, покрај недовршената куќа, има и еден свој автомобил, исто така многу скромен. Станува збор за автомобилчето што е попознато како пегличка. Покрај него, Мики, каков што е висок и корпулентен, изгледа како вистински џин. Брадестиот велешанец очигледно нема проблем да се пошегува на своја сметка.                                              –                                                                                                                          Неодамна, за медиумите во Србија, тој зборуваше за својот емотивен живот, откривајќи дека не е оженет, дека е сам, но дека му се нудат многу девојки за брак.

– Веројатно, сè уште ја немам пронајдено вистинската љубов. Живеев во Белгија пет години, но и таму не успеав да запознам некоја што ќе го освои моето срце. Сега пак живеам во Македонија. Ние ги имаме најубавите девојки. Само ќе ми треба уште време да стигнам до срцето на вистинската – открива скромниот Секуловски, кој растура со своето пеење во „Ѕвездите на Гранд“.          Д.М.