Малата Ноне, сo големите крузери, на егзотични плажи   

664

Некогашната поп-пејачка и понатаму ужива во новата работа!

Пред 12 години, Ноне Неделковска беше една од најпопуларните македонски поп-пејачки. Но, ја напушти естрадата, незадоволна од многу причини и замина да работи на големите крузери, кои пловат со туристи низ светот, по океаните. Се разбира дека Ноне ја работи новата работа не само затоа што ужива во неа туку и поради одличната

заработувачка!

Стопати подобра од онаа на македонската естрада. Ова згодно девојче од Велес, иако малечко по раст, но многу симпатично, благодарение на крузерите, има посетено огромен број интересни места на Земјината топка. Сега често објавува интересни фотографии. Па така и од една плажа, на зајдисонце, од некој егзотичен океански брег, одморајќи се на вулкански карпи. Инаку, ако паметите, нејзини најслушани песни на Јутјуб беа: „Најди малку време“ и „Одбери ме мене“.    Д.М.