ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Стевановиќ: И како пратеник ќе продолжам да работам и да се грижам за моите пациенти

Милена Стевановиќ/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

Во интервју за „Слободен печат“, поранешната директорката на Инфективната клиника и кандидатка за пратеничка д-р Милена Стевановиќ, истакна дека таа и откако ќе стане пратеничка нема да се откаже од работата на клиниката.

„Јас и лично и професионално не можам да се тргнам од моите пациенти и кога се кандидирав видов дека јас можам да се бавам со лекарската професија, се разбира про-боно и јас тоа ќе го правам. Не би можела да се замислам да не бидам во конктакт со она на кое го посветив животот“ посочи Стевановиќ.

Таа додаде дека како иден пратеник ќе предлага законски решенија кои ќе бидат во интерес на лекарите и на пациентите.

„Пратениците од опозицијата имаа можност да предлагаат бројни закони за унапредување на условите за работа не само на специјализантите, туку и на сите други лекари, но тоа не го сторија, јас таа можност што ќе ја имам нема да ја прескокнам. Напротив, сметам дека многу закони треба да се подобрат и да се донесат за да се подигнат стандардите на она што значи ред во работата на здравството. Пациентите мора да имаат законски определено право кое не смее да зависи никако од тоа кој е министер. Македонските државјани мора да имаат сигурно здравство, законски определено и тоа не смее да се прекрши“ порача Стевановиќ.

Повеќе од разговорот со Стевановиќ во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот