Фајон: „Шангај претставува голем потенцијал за словенечките извозници“

Министерката Тања Фајон моментално е на службено патување во Шангај, каде што отвори бизнис форум на кој присуствуваа стотици кинески компании. Целта на форумот е меѓусебно вмрежување и запознавање со словенечки и кинески компании, со што дополнително би се зајакнале економските односи меѓу двете земји. Таа се сретна и со градоначалникот на Шангај, Гонг Женг и ја отвори изложбата на Плечникова Љубљана.

Министерката за надворешни и европски работи Тања Фајон отвори бизнис форум во Шангај, каде е придружувана од 71-члена економска делегација, објави агенцијата СТА. Како што соопшти Министерството за надворешни работи и економија, словенечките компании гледаат дополнителни можности за извоз на исклучително големиот кинески пазар, со што би се намалил и дефицитот во трговските односи.

Генералниот директор на Дирекцијата за економска и јавна дипломатија при Министерството за надворешни работи, Слободан Шешум, ја претстави Словенија како зелена, креативна и паметна дестинација за инвестиции, која е и точка на средба за иновации, научни и технолошки врски. Бизнис форумот, организиран во соработка со Стопанската комора на Словенија, им понуди можност на бизнисмените од двете земји да се запознаат, да се вмрежат и да имаат деловни средби. Словенечката економска делегација ја сочинуваат претставници на 54 компании кои работат во областа на енергетиката, логистиката, информатичките технологии, автомобилската индустрија, електронската трговија, туризмот, фармацевтските производи, виното и земјоделските производи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот