ВИДЕО | Се појави уште едно видео од спорниот момент во „Ел Класико“: Дали Барса беше оштетена?

Фото: Screenshot

Реал Мадрид вчера ја победи Барселона во „Ел Класико“ со 3:2 и така „кралевите“ направија огромен чекор кон титулата во Ла Лига. Сепак, по натпреварот најмногу се зборува за еден спорен момент.

Според навивачите на Барселона каталонците се оштетени за чист гол бидејќи голманот Лунин во таа спорна ситуација топката по ударот на Ламин Јамал ја извадил од зад линијата.

Кога ќе се погледнат дел од снимките од камерите на некои и навистина изгледа како да ја минува линијата со целиот обем. Примера на почетокот на сезоната одби да ја имплементира гол-технологијата која се користи во другите европски лиги објаснувајќи дека имаат 16 камери кои можеле да помогнат, но сега гледаме дека имаат проблеми.

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи изразуваат незадоволство и тврдат дека ова е моментот кој го одлучил целиот тек на натпреварот.

Исто така фановите прават и споредба со недосудениот пенал врз Букају Сака против Баерн во Лигата на шампионите и пеналот кој го доби Лукас Васказ во вчерашниот натпревар…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот