Не ме плашат санкциите, вели рускиот православен поглавар

Поглаварот на Руската православна црква, московскиот патријарх Кирил, изјави дека нема да биде заплашен од забраните за патување наметнати од неколку земји на ЕУ. Ограничувањата се дел од пошироките западни санкции кон Русија како одговор на нејзината воена операција во Украина.

„Тие го направија Патријархот персона нон грата во Европа. Зошто? Тоа е затоа што Патријархот духовно ја води нацијата, ја води црквата која тргна по поинаков цивилизациски развоен пат“, рече Кирил за време на богослужба во Москва.

„Можеби, тие му забранија на патријархот да патува во странство бидејќи ние претставуваме силна алтернатива на Западот. Како да можат да ми се заканат со тоа“.

Неколку земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Литванија, Естонија и Чешка, го ставија Кирил на црната листа откако изби војната меѓу Русија и Украина во февруари 2022 година. Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски, како причина ги наведе „неговите чести јавни забелешки за поддршка на војната во Украина, оправдувајќи ги злосторствата извршени од руските војници таму“.

ЕУ престана да наметнува дополнителни ограничувања на поглаварот на Руската православна црква, откако Унгарија го блокираше потегот, нарекувајќи го „заложничка политика“ и наведувајќи ја верската слобода.

Кирил постојано зборува за поддршка на руската армија и вели дека руските војници во Украина се борат руските национални вредности. Тој тврди дека странските сили ја таргетираат Русија затоа што таа е „земја на верници“, при што мнозинството луѓе се побожни христијани, наспроти Западот каде луѓето „ја губат верата“.

Владимир Легојда, шефот на прес-службата на црквата, забраните за патување ги нарече „контрапродуктивни“. Тој изјави дека „никакви санкции не можат да го принудат поглаварот на Руската православна црква да го промени или да се откаже од своето мислење“.