ВИДЕО | Клиперс издоминираа против Далас за водство во серијата

Фото: EPA-EFE/ERIC THAYER

Првиот натпревар од серијата помеѓу Лос Анџелес Клиперс и Далас помина во знакот на Клиперс кои славеа победа со 109:97 и така поведоа со 1:0.

Конечниот резултат не е реална слика на она што се случуваше на теренот. Домаќинот можеше да слави и поубедливап обеда бидејќи почнувајќи од втората четвртина постојано имаа убедлива предност. Во третата четвртина таа предност изнесуваше и 29 поени разлика.

Далас во последната четвртина која ја доби со 33:22 успеа да се избори за достоен пораз.

На гостите не им помогна и доброто издание на Дончиќ кој постигна 33 поени, Ирвинг уфрли два помалку. Клиперс беа силни колективно, а најдобри беа Џејмс Харден со 28 поени и Џорџ со 22. Успеаа да победат и без услугите на Кавај Ленард.

За истакнување од серијата е што сите осум екипи кои беа домаќини успеаа да слават победи во првите мечеви.

РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Мајами 114-94
ЛА Клиперс – Далас 109-97
Милвоки – Индијана 109-94
Оклахома – Њу Орлеанс 94-92

Фото: nba.com

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот