Разбојник од Пехчево извршил кражба во Струмица, полицијата го приведе

Струмичката полиција вчера во 01.10 часот, го лишиле од слобода триесет и шестгодишниот Ѓ.М. од Пехчево, соопштија од МВР.

Тој се сомничи дека на 20.04.2024 во 22.45 часот во продажен објект во Струмица со закана кон вработената одзел повеќе производи.

– Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот