Виц на денот: Рај и пекол

Виц на денот / Фото: Архива на „Слободен печат“

Починал Трпе и застанал пред портите на рајот. Пристигнал Господ и му отворил.
– Господе, јас сум Трпе и живеев праведен живот. Мислам дека сум за тука.
– Да, Трпе, за тука си. Сигурно си гладен, ќе јадеш ли со мене?
– Зошто да не?
Господ отворил рибина конзерва, седнале и почнале да јадат. Додека јаделе, гледа Трпе долу во пеколот како јадат печено месо, пијат вино, трешти музика…
На другиот ден пак конзрва, а во пеколот печено прасе. Трпе го прашал Господ:
– Господи, се извинувам, но нешто не ми е јасно. Ние тука во рајот јадеме конзерви, а оние во пеколот се гоштеваат со сѐ и сешто!
– Трпе, како да ти кажам, не се исплати да готвам само за двајца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот