Џенифер Анистон знае: Со вбризгување на сперма од лосос во лицето до вечна младост – последен светски тренд

442
EPA-EFE/ALLISON DINNER

Тиктокерите споделија трик за вечно млад изглед, кој го практикува дури и Џенифер Анистон. Во прашање е последниот тренд на кој подложат сѐ повеќе луѓе – вбризгување сперма од лосос во лицето за да ги омекнат брчките и да спречат појава на нови.

Медицински наречен „Plenhiage“, овој третман е „роден“ во Јужна Кореја. Поддржувачите сугерираат дека го стимулира производството на колаген во текот на неколку месеци, протеин од витално значење за одржување на кожата полна и млада.

Тиктокерката Лорин Бостик е меѓу љубителите на овој тренд. Таа на својот профил изјави:

– Ова го направив со корејски стручњак. Таа го прави тоа со микро игли преку кои вбризгува сперма од лосос. Третманот има многу придобивки и прави вашата кожа навистина да блеска.

Сертифицираниот дерматолог, д-р Хамдан Абдула Хамед, вели дека прашањето за ефикасноста на новиот третман е сложено и дека третманите за лицето со сперма имаат некои непосредни придобивки, како смирување на воспалението, кое може да и даде сјај на вашата кожа.

– Некои актерки како Џенифер Анистон го направија овој третман – изјави тој за Мирор, осврнувајќи се на нејзиното интервју за VSJ.

– Се користи сперма од два вида лосос. Самата риба веќе може да помогне при проблеми со кожата како што е воспалението поради Омега 3, но спермата од лосос може да помогне во заздравувањето на раните, да ја поттикне еластичноста на кожата и да го намали воспалението – изјави дерматологот.

Од спермата, медицинските професионалци создаваат нешто што се нарекува „полидеоксирибонуклеотиди“ (PDRN). Верувале или не, претходните истражувања покажаа дека оваа состојка е покорисна од типична крема кога станува збор за еластичноста на кожата, па дури и за зараснување на раните.

Сепак, д-р Хамед тврди дека неговите долгорочни придобивки допрва треба да се докажат, а некои корисници дури и пријавиле осип и испакнатини по процедурата.

– Некои луѓе пријавија осип и грутки кои можат да траат околу четири дена, но се привремени и нема да ја оштетат кожата – рече тој.

– Иако овој третман не е штетен, сепак постојат ограничени студии за неговите долгорочни придобивки. Мислам дека има и други начини за заздравување на раните, воспаленија на кожата и еластичност на кожата – изјави Хамед.

Меѓутоа, ако сепак сакате да го пробате, д-р Хамед препорачува прво да направите личен тест за алергија, за да бидете сигурни дека немате алергиска реакција.

– Треба да прашате и дерматолог дали вашата кожа е компатибилна со третманот – рече тој.

– За крај да нагласам дека овој третман треба да го прави стручно лице, особено ако се инјектира. Опасно е тоа да се прави без професионалци бидејќи неправилните процедури и неправилно ракување со алатот може да предизвикаат повреди или рани – додаде Хамед, пренесува Мирор.