ВИДЕО: Спектакуларно Ел Класико, Белингам во финишот ја урна Барса, „кралевите“ на чекор од титулата

Момент од натпреварот Реал Мадрид - Барселона/фото: EPA-EFE/JUANJO MARTIN

Во дербито на 32 коло во „Ла Лига“ на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ пред нешто над 83.000 илјади гледачи екипата на Реал Мадрид триумфираше над Барселона со 3:2.

Веќе во шестата минута поведе каталонскиот гигант со голот на Кристенсен по асистенцијата на Рафиња. Во 18 минута „кралевите“ успеаја да израмнат преку Винисиус Жуниор кој беше прецизен од белата точка.

Барса во текот на првиот дел постигна уште еден гол во 29 минута, но истиот на Јамал беше поништен поради офсајд после ВАР снимката.

Играчите на тренерот Чави во 69 минута дојдоа до нова минимална позитива со погодокот на Лопез, а само четири минути подоцна Реал повторно се погрижи за нов егал на мечот преку Лукас, а во улога на асистент се најде Винисиус Жуниор.

Во самиот финиш од мечот (90+1`) голема победа за Реал Мадрид донесе Белингам по асистенцијата на Лукас. За Англичанецот ова е 17 гол сезонава во шпанското првенство.

Реал сега е уште поблиску до титулата во „Ла Лига“, моментно е на првото место со 81 бод, 11 повеќе од второпласираната Барса.

Претходно во неделата беа одиграни уште три натпревари од оваа рунда: Хетафе – Реал Сосиедад 1:1, Алмерија – Виљареал 1:2 и Алавес – Атлетико Мадрид 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот