Совети за жени: Три важни зборови кои можат да го подобрат секој лош секс

Секс, љубов, пар
Фото: Tom Merton / Caia Image / Profimedia

За градење сексуална самодоверба потребно е искуство. Овие чекори ќе ви помогнат да го зајакнете истото, со што ќе се чувствувате целосно задоволни, пишува „Дневник“.

Бидете кралица на сопственото задоволство

Познато е дека жените кои почесто мастурбираат се посигурни во сексот, а во него наоѓаат поголемо задоволство бидејќи знаат да се доведат до кулминација.

„Ако сè уште не сте го направиле тоа, дефинитивно одвојте време да ги откриете сопствените ерогени зони, како и интензитетот на допир кој најмногу ви одговара“, вели сексологот Емили Морс.

Доживувајте го вашето тело како атрактивно

Љубовта кон сопственото тело и гледањето на себеси како сексуално суштество е важно за сексуалната самодоверба. За да ја постигнете оваа цел, важно е да вежбате. Облечете свилена долна облека, тесен фустан, штикли или кој било друг додаток кој ве прави пожелни, прошетајте се пред огледалото и навикнете се на оваа идеја.

Кажете ги овие три магични зборови

Никој не може да ви ги чита мислите, па ако сакате нешто – мора да го побарате. Ова правило особено важи за време на сексуалниот однос. Ако вашиот партнер прави нешто за време на сексот што не ви се допаѓа, најдобро е да му кажете.

„Уживајте во моментот и не заборавајте да ги кажете овие три моќни зборови: ‘Ајде да се обидеме на овој начин’“, заклучува д-р Морс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот