Еурофарм Пелистер чекор поблиску до одбрана на титулата во Суперлигата

фото: РК Еурофарм Пелистер

Денеска ракометарите на Еурофарм Пелистер успеаја да дојдат до победа во рамките од 10 коло во македонската Суперлига.

Играчите предводени од тренерот Бранислав Ангеловски со конечен резултат 29:22 успеаја да ја совладаат екипата на Охрид.

Актуелните македонски шампиони по првото полувреме имаше само три голови разлика (14:11).

Во победничките редови доминираше Филип Кузмановски со 10 голови, а на спротивната страна Гал Цирар запиша шест.

На табелата води Еурофарм Пелистер со 29 бодови, два повеќе од второпласираниот Вардар, додека Охрид е на четвртото место со 23 бодови, еден помалку од третопласираниот Охрид.

До крајот на сезоната има уште четири кола, во продолжение распоредот на натпревари на двата најголеми кандидати за титулата во шампионатот:

РК Еурофарм Пелистер
28 април Тинекс Пролет – Еурофарм Пелистер
5 мај Еурофарм Пелистер – Тиквеш
26 мај Струга – Еурофарм Пелистер
2 јуни Еурофарм Пелистер – Алкалоид

РК Вардар
28 април Струга – Вардар
5 мај Вардар – Алкалоид
26 мај Вардар – Охрид
2 јуни Бутел Скопје – Вардар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот