Публиката на нозе, со сите нивни слики – „Ареа“ гордо им се оддолжи на фановите! По два многу успешни концерти во Скопје на популарните рок-гостиварчани

1746

Кога Ружица Брчиоска ги запеа “Нешто недостасува“,  „Колку ми значиш“, „Јас сум ти пријател“, „Дозволи ми“, “Сите мои слики“, присутните не останаа заковани за седиштата, туку напротив стоејќи, и на цел глас и се придружија. Целата таа атмосфера беше исполнета со многу љубов и емоции. И самата Ружица пријатно изненадена, во текот на концертот, сите конци ги држеше во своите раце, и со својот се уште моќен глас, раскажуваше за љубовта.               

И после овие два концерти (во организација на „Фреш-јунион“) на мегапопуларната Гостиварска рок-група “Ареа“ кажете дека македонските музичари не можат да ги наполнат концертните сали. Можат, можат, и по 100 пати кажано – можат. Само ако имаат што интересно да понудат. А, Фала му на бога, „Ареа“ од секогаш имаше со што да ја анимира публиката. Така да таа заемна анимација и взаемната љубов трае веќе три децении. Низ сите овие години бендот поминуваше низ различни фази, но никогаш не беше заборавен од публиката, дури ни во она глуво време на корона-пандемијата кога немаше концерти. Ниту тогаш „Ареа“ не беше здодевна.

“Ареа“ последниот ваков акустичен концерт го одржа пред 14 години во (непрежалената) “Универзална сала“, а сега два такви исполнети до последно место, во Македонска филхармонија. Гордо им се оддолжија на фановите. Повеќе од два часа низ одлична интеракција со публиката и со мудро избрана сет-листа на песните салата „пукаше по сите шевови“ се разбира од силното воодушевување на нивните фанови.

Од самиот почеток со песните „Чувај ме ти“ и „Те спомнувам“ од албумот „Љубов“. Кога, разиграната пејачка на бендот, постојано предобрата во секој поглед, па и во оној физички, во ништо не сменета, Ружица Брчиоска ги запеа и: “Нешто недостасува“,  „Колку ми значиш“, „Јас сум ти пријател“, „Дозволи ми“, присутните не останаа заковани за седиштата, туку напротив стоејќи, на цел глас, и се придружија. Целата таа атмосфера беше исполнета со многу љубов и емоции. И самата Ружица пријатно изненадена, која во текот на концертот сите конци ги држеше во своите раце, и со својот сè уште моќен глас, раскажуваше за љубовта. Најсилно низ преубавата песна  „Љубов“, која зборува за љубовта кога не е поврзана ниту со блискоста, ниту со далечината.

– Доколку некого вистински љубите, тој е во вашето срце. Љубовта е духовна димензија, а не материјална. Љубовта е секогаш присутна во срцето,  порача Ружица, пеејќи ја потоа „Фреквенција на љубовта“ една од најслушаните на „Ареа“. Концертот беше одлично богат и со придружниот  глас на ќерка ѝ Елена Брчиоска, како и женскиот гудачки квартет. Но и со виртуозност на гитарата на маестро Ивица Брчиоски, музичко-брачниот другар на Ружица.

Но, да не се лажеме. Сепак, нивниот најголем хит, песната која публиката со години ја обожава е „Сите мои слики“. Намерно или случајно беше оставена за бис. Додуша, тое не е толку ни важно, колку што беше фасцинантна реакција на публиката додека Ружица ја пееше песната. Сите присутни беа на нозе!                                                    Што сакате повеќе од тоа? Толку изливи на љубов и емоции кон една македонска рок-група и воопшто кон македонските музичари, во случајов кон „Ареа“. Па, после оние некои „другите“ се лутат дека немаат публика за вакви концерти, дека македонските песни (поп-рок и фолк) не се слушаат не можејќи да дојдат “на ред“ поради оние од Србија, Хрватска или Босна.

А, прашањето е до тие другите, впрочем завидливите и љубоморните: а, што имате вие? Имате ли незаборавни песни, хитови, дали имате моќен глас? Па, добри дали имате и става или постојано ќе се дебелите и ќе бидете демоде? Ружица, има и едно и друго, а на концертите кај неа видовме и прекрасен стајлинг: облечена во кожен црн комплет со истакнато убаво мини-здолниште! И, конечно дали имате впечатливи интерпретации? И што е многу исто така важно: дали знаете да (ис)комуницирате со (нас) новинарите? …Сè заедно, сето тоа е многу битно за да се склопи еден успешен музички мозаик, како овој: гордо наречен „Ареа“!

Дуле Миќиќ