ВИДЕО: Меси и Бускетс за пресврт на Интер Мајами и прво место во МЛС лигата

фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Фудбалерите на Интер Мајами се вратија на победничките патеки, откако синоќа во МЛС лигата го победија Нешвил со 3:1. Блескаше Лионел Меси, двоен стрелец и асистент при вториот гол на Серхио Бускетс.

Gостите поведоа во втората минута кога Негри си постигна автогол. Но, Интер Мајами брзо се врати, во 11 минута Меси реагираше на одбиената топка по обидот на Луис Суарез за 1:1.

Во 39 минута Меси му асистираше на својот поранешен соиграч од Барселона, Бускетс, за пресврт (2:1). Конечните 3:1 повторно ги постави Меси во 81 минута од пенал.

Интер Мајами сега е лидер во Источната конференција со 18 бодови, но има и меч повеќе од Њујорк Ред Булс.

Исто така, Меси се искачи на второто место на листата на стрелци со седум гола, еден повеќе од Аранго од Солт Лејк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот