Не ви треба тесто: Рецепт за мини пица која ќе биде готова за само неколку минути

Фото: Profimedia

Кој може да одолее на вкусна пица? Доколку сакате да го скратите процесот на подготовка, но и количината на јаглехидрати во ова јадење, направете мини пици со тиквички, пишува „Пун куфер“.

Тиквичките не бараат долга термичка обработка – ќе ви треба само доволно време во рерна за да се стопи сирењето и да се спојат вкусовите.

Наместо во рерна, можете да направите мини пици во пржење на топол воздух. Во тој случај подготовката ќе биде уште пократка и поедноставна.

Потребни состојки:

  • 1 голема тиквичка
  • 180 гр рендана моцарела
  • 80 мл сос за пица
  • сол и бибер по желба
  • свеж босилек
  • шунка по желба

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 целзиусови степени.

Тиквичките измијте ги, исушете ги и исечете ги на тркалезни кришки дебели околу половина сантиметар. Зачинете со сол и бибер.

Покријте ги тиквичките со сос за пица, рендано сирење и шунка по желба, па ставете ги во рерна неколку минути додека да се растопи кашкавалот.

Послужете ги со свеж босилек.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот