Психолог открива: Два знаци кои укажуваат на многу лојален партнер

Фото: Pexels / Andrea Piacquadio

Многу од нас се борат со целосното верување дека врската во која сме ќе трае долго. Лошите минати романтични искуства или проекцијата на сопствениот страв од посветеност и ранливост на врската може дополнително да влијаат на овие грижи. Сепак, знаејќи дека нашиот партнер е лојален, доверлив и многу посветен може да ги смири овие стравови.

Студијата објавена во 2023 година покажа дека индивидуите со високо ниво на посветеност на врската покажуваат две однесувања. Психологот Марк Траверс ја коментираше студијата и наведе два знака кои укажуваат дека нашиот партнер е исклучително лојален.

Отворено ви ги потврдуваат своите намери

„Комуникацијата е крвотокот на секоја врска. Партнерот кој е многу посветен на вас ќе има приоритет на отворена, искрена и доследна комуникација. Покрај тоа, истражувачите открија дека високо посветените партнери многу јасно ќе кажат дека имаат намера да градат иднина со вас “, изјавил психологот за „Псајхолоџи тудеј“.

Таквите личности не се задоволуваат само со повремено признавање на нивната посветеност, туку редовно ја вербализираат својата посветеност на долготрајна врска, секојдневно потврдувајќи ја својата поврзаност со партнерот.

„Дневните афирмации на посветеноста може да изгледаат како планирање на различни активности заедно, како што е дискусија за патувањето следната година или користење изрази и изјави кои ја одразуваат желбата да се споделува „засекогаш“ и да старееме заедно“, објаснил Траверс.

Обожаваат да поминуваат време со вас

Истражувачите откриле дека редовното поминување квалитетно време со партнерот е моќен показател за нечија посветеност на врската. Високо посветените поединци се повеќе мотивирани да бидат со своите партнери, што го прават со тоа што им посветуваат значително време.

„Оваа упорност во однесувањето рефлектира вистинска инвестиција во иднината на врската бидејќи партнерите активно си даваат приоритет на присуството и дружењето“, заклучил психологот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот