Шок во Србија: Омилената телевизиска водителка пронајдена мртва во својот дом

Фото: Инстаграм/Бојана Јанковиќ

Српската водителка Бојана Јанковиќ (моминско Николиќ) е пронајдена мртва во својот стан во Белград, пишува српскиот медиум „Курир“.

За нејзината смрт е известено Вишото јавно обвинителство во Белград и наредена е обдукција. На телото нема видливи траги на насилство.

Неофицијално, од „Курир“ дознаваат дека Брзата помош пристигнала во петокот околу 19 часот и потврдила дека водителката починала. Телото е пренесено во Институтот за судска медицина.

Бојана Јанковиќ се прослави во култното шоу на телевизија Пинк – „Град“.

Таа беше во брак со Огњен Јанковиќ, фронтменот на рап групата „Београдски синдикат“. Последен пат беа видени заедно во 2022 година, по што по 15 години брак се разведоа со заедничка согласност, останаа во добри односи и се грижеа за нивните две ќерки. Според нејзините објави на социјалните мрежи, таа била блиска со семејството.

Бојана и Огњен Јанковиќ / Фото: Инстаграм/Бојана Јанковиќ

Нејзината последна објава на Инстаграм растажи многумина бидејќи ѝ го честиташе 15. роденден на својата ќерка, објавувајќи нејзина фотографија.

Бојана својата новинарска кариера ја започна во телевизија БК. После тоа уредуваше и водеше емисии на телевизиите Метрополис и Пинк. Работеше и во претставник за односи со јавноста на проекти за заштита на животната средина и евроинтеграции, пишуваат српските медиуми.

Во 2014 година таа се врати пред камерите по долга пауза. Таа ја водеше емисијата „Тачно у 1“ на телевизија Прва, а потоа и емисијата „Град“ на Пинк.

„Враќањето на новинарството, мојата прва и основна љубов, па дури потоа на мојата професија, не е случајно. Ова е резултат на огромната желба да го работам она што најмногу ме исполнува, ме прави среќна и ме предизвикува професионално“, изјави тогаш таа, пишува „Глоси“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот