ДУИ: Мицкоски сака враќање на 2001 година, Македонија без Албанци

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Мицкоски сака да ја врати државата во 2001 година“, стои во соопштението на ДУИ како реакција за вчерашното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово.

„Мицкоски на митингот во Кратово побара обединување на сите Македонци за Албанците да не добијат ниту еден пратеник во третата изборна единица. Вокабуларот на Мицкоски не е само против Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија, туку и против Охридскиот рамковен договор, барајќи конкретно враќање на државата пред 23 години, се вели во соопштението.

„ДУИ и Европскиот фронт изразуваат длабока загриженост за националистичкиот и антиевропскиот речник на ВМРО, кој чувствувајќи го поразот на 24 април и 8 мај, поттикнува меѓуетничка и антиевропска омраза во Северна Македонија“, истакнуваат од ДУИ.