Нутриционист открива: Четири намирници кои се одлични за здравјето на срцето и мозокот
Во потрагата за оптимално здравје, исхраната е клучна. Важно да се намали консумацијата на одредени видови храна за поздраво тело, но од клучно значење е да ја додадете вистинската храна во вашата чинија.
Некои од најдобрите опции се оние полни со антиоксиданси. Овие моќни хранливи материи се важни за заштита од оксидативен стрес, воспаление и болести поврзани со возраста. Нутриционистот Кетрин Гервасио за „Шифајндс“ истакна четири такви намирници богати со антиоксиданси кои го поддржуваат здравјето на срцето и мозокот.
Спанаќ
„Овој зелен лиснат зеленчук е секогаш на мојата листа затоа што нуди многу здравствени придобивки, вклучително и поддршка на здравјето на срцето, здравјето на мозокот и спречување на болести поврзани со стареењето“, рекла Гервасио.
Полн со антиоксиданси како витамин Ц, витамин Е, бета-каротин и флавоноиди, спанаќот е одличен борец против воспаленијата и оксидативниот стрес во организмот. Исто така, таа ја истакнува неговата улога во заштитата на срцето преку подобрување на функцијата на крвните садови и намалување на нивото на ЛДЛ холестеролот, што го прави разновиден додаток на секоја диета.
Црвено грозје
Црвеното грозје е уште еден моќен антиоксиданс. Полни со ресвератрол, флавоноиди и витамин Ц, црвеното грозје се бори против воспалението, го намалува крвниот притисок и го подобрува здравјето на срцето преку подобрување на протокот на крв.
Дополнително, невропротективните својства на ресвератрол нудат заштита од когнитивниот пад поврзан со возраста и невродегенеративните болести, како што е Алцхајмеровата болест.
Брокула
Гервасио ги истакнува огромните нутритивни придобивки на брокулата, велејќи дека е богата со антиоксиданси, а ги вклучува витамин Ц, витамин Е, бета-каротен и фитохемикалии како сулфорафан и кверцетин.
„Овие антиоксиданси помагаат да се намали воспалението, да се подобри функцијата на крвните садови и да се намали ризикот од срцеви заболувања“, објаснила таа.
Покрај тоа, соединенијата кои се наоѓаат во брокулата го поддржуваат здравјето на мозокот преку промовирање на растот на нови неврони и зачувување на когнитивната функција.
Авокадо
Нутриционистот го истакнува и составот на авокадото како богат со антиоксиданси, наведувајќи го неговото изобилство на витамин Е, витамин Ц и каротеноиди како лутеин и зеаксантин.
„Овие антиоксиданси помагаат да се намали воспалението и нивото на ЛДЛ холестерол и да се подобри здравјето на срцето“, рекла таа.
Покрај тоа, мононезаситените масти кои се наоѓаат во авокадото го поддржуваат здравјето на мозокот и ја подобруваат меморијата.