Србија го менува законот за локални избори, опозицијата поделена поради изборните услови

Српскиот парламент во понеделник ќе ги разгледа предложените измени на Законот за локални избори, со кои ќе се овозможи сите локални избори да се одржат на 2-ри јуни, за кога претходно беа распишани изборите во Белград, додека левата и десната опозиција сѐ уште не успеваат да се усогласата дали ќе се согласат со предлогот одвладејачката Српска народна партија (СНС).

„Постигнавме повеќе од двотретинско мнозинство пратеници кои ја поддржаа измената на законот – вкупно 184, иако уште помалку е доволно“, изјави пред новинарите во саботата претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ.

Покрај претеничките групи на владејачката коалиција, предлогот за измена на овој закон го поддржаа и неколку од опозицијата – Народното движење на Србија, Зелено-левиот фронт „Да не го давиме Белград“, Еколошкото востание, независни претставници на Движењето на слободни граѓани, Бошњачката партија за демократска акција (СДА) и Партијата за демократско влијание.

Опозицијата, обвинувајќи ја владејачката партија за наводно украдените избори во декември минатата година – особено во главниот град, побара Белград и сите локални избори да се одржат во исто време, но само по имплементирање на клучните препораки на меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ (ОДИХР), со што според нив би се создале услови за фер изборен процес.

Властите два месеца го разгледуваше прифаќањето на препораките, во прв ред, за уредување на избирачкиот список и отворање на медиумите за пораките и ставовите на опозицијата, како и за спречување на учество во кампањата на владини функционери од владејачката партија, што е инаку вообичаено практика во сите земји, па неочекуваната согласност на владејачката партија за спојување на локалните и белградските избори ја подели опозицијата.

Оваа одлука предизвика и поделби во досегашната хомогена опозициска коалиција на левиот центар Србија против насилството (СПН), чии членови сега немаат ист став за спојувањето на изборите. Партиите и движењата од таа коалиција кои не се склони да одат на избори како клучен аргумент наведуваат дека препораките на ОДИХР нема да се спроведат и затоа не можат да се создадат потребните услови за фер изборен процес, бидејќи останува малку време за кампањата.

„Не треба да се оди на избори на 2-ри јуни, бидејќи тоа не се избори. Ниту еден од условите за одржување на избори не е исполнет“, тврдеше носителката на изборната листа на СПН на декемвриските избори Мариника Тепиќ.

Според неа, Партијата на слободата и правдата (СПП), најсилната во таа коалиција, и Центарот во Србија на пензионираниот генерал Здравко Понош, некогашната владејачка Демократска партија и либералната левичарска партија Зајeдно го делат истото гледиште.

Владејачката Српска напредна партија (СНС) победи на вонредните парламентарни избори на 17-ти декември минатата година и го освои мнозинството на изборите за советници на Собранието на Белград, но и по три обиди не успеа да обезбеди мнозинство за избор на градоначалник, па изборите беа повторно распишани.

Опозицијата ја обвини владејачката партија дека наводно си поигрува со волјата на гласачите во Белград преку бројни злоупотреби, изборен инженеринг, носење гласачи од Република Српска и градовите каде што немало локални избори. Набљудувачката мисија на ОДИХР не го оспори исходот на изборите но забележа низа нерегуларности и даде 25 препораки до властите да ги создадат сите предуслови за фер избори.