ВРЕДИ најавува централен митинг во Скопје во понеделник, од Градот не добиле никаков одговор

Прес конференција на движењето ВРЕДИ (ВЛЕН)/Фото: МИА

Коалицијата ВРЕДИ денеска соопшти дека во понеделник ќе одржи централен митинг во Скопје, но од Град Скопје се уште не добиле никаков одговор за нивното барање тој да се одржи на плоштадот Скендербег на 22 април со почеток во 20.30 часот.

-За да бидеме максимално транспарентни пред граѓаните, сакаме да ве информираме дека, како што налага процедурата, поднесовме барање до Град Скопје за да го организираме централниот митинг на плоштадот Македонија, за сите да видат што значи извонреден митинг, со слободна волја и без притисок, додека корумпираната власт во бегство да види што значи народна поддршка, што тие одамна ја немаат. Од Град Скопје до денес немаме никаков одговор, што значи дека одговорот е негативен, а ваквата одлука ја донеле градоначалничката Данела Арсовска, Блерим Беџети и Левица кои се во коалиција, во паника да ја спречат коалицијата ВЛЕН да го организира централниот митинг, знаејќи ја атмосферата и големата поддршка од граѓаните. Секој одговор што ќе дојде во понеделник ќе биде закаснет и тенденциозен поради краткото време за организирање, соопштија од Коалицијата ВРЕДИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот