Николоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон за забрана на увоз на тутун заради повисоки откупни цени на македонскиот

Александар Николоски/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 денеска пред граѓаните во општините Конче и Радовиш ги пофали градоначниците на овие две општини за успешната работа.

-Можам да кажам дека после изборите ќе има огромна поддршка за општина Конче со цел да се реализираат проектите кои што се од витално значење за сите оние кои што живеат овдека. Тука е секако и поддршката на земјоделието каде што можеби и најбитната работа поврзана со земјоделието е тутунот кој што се одгледува најмногу во општина Конче. Планираме да го донесеме законот за тутун кој што два пати го поднесувавме во Собранието, но досегашното мнозинство на СДСМ и ДУИ го блокираше. А, причината зошто го блокираше е затоа што имаа бизнис интереси, рече Николоски.

Тој нагласи дека со ваков закон ќе се забрани увоз на тутун во Македонија со цел да целокупниот македонски тутун, да се откупува по повисоки и пристојни цени, за да можат сите земјоделци пристојно да живеат.

-Секако тука се и зголемувањата на субвенциите, воведување на само три класи, а не како досега што има шест или седум класи зависно од откупувачите, нагласи Николоски.

Тој додаде дека во делот на земјоделието се планира возобновување на сите водоснабдителни системи како и изградба на нови и комплетно нов систем на субвенции кој што ќе го врати достоинството на македонскиот земјоделец, а најави и една поголема странска инвестиција која, како што рече, треба да отвори нови и добро платени работни места за жителите на целиот овој крај.

Николоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на престојните претседателски и парламентарни избори.

-Масовна излезност е начинот на кој што ќе може да се спречи оваа влада на СДСМ и на ДУИ, двете политички партии да одат во опозиција и конечно да се удри во чело на криминалот и корупцијата во Македонија, да се воведе функционален систем на владеење на правото и Македонија економски да се развива, порача Николоски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот