Леброн: Јокиќ е еден од најголемите кошаркари во историјата

Фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс истакна дека според него Никола Јокиќ е еден од најдобрите кошаркари во историјата.

Оваа изјава Леброн за американските медиуми ја даде пред првото коло од плеј-офот во кое неговиот Лејкерс ќе се сретне со актуелниот шампион предводен од српскиот центар.

„Јокиќ е еден од најдобрите кошаркари кои ја играле оваа игра. Тоа е јасно и едноставно“, изјавил Леброн по тренингот во Бол арената во Денвер.

Првиот натпревар помеѓу Денвер и Лејкерс ќе биде одигран во недела од 02:30 часот во Бол арената. Серијата како што е познато се игра до четири победи.

„Јокиќ прави се на теренот, но најважно е што ги мотивира соиграчите и го менува нивното размислување за играта. Кога сте во можност да ги инспирирате соиграчите да играат на ниво на кое и самите не веруваат дека можат тоа е доказ дека сте голем играч“, истакна Џејмс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот