Таравари на средба со дијаспората во Берлин

Лидерите на Коалицијата ВРЕДИ на средби со дијаспората во Берлин/Фото: Фејсбук

Стотици сограѓани синоќа го пречекаа кандидатот за претседател Арбен Таравар во знак на поддршка за промената што ја вети коалицијата ВРЕДИ, соопштија од таму..

Таравари од овој централен собир со дијаспората истакна дека ниту еден политички процес не е направен без дијаспората бидејќи тие знаат да се сензибилизираат за да ја направат промената. Затоа, според него, нема дилема дека тоа ќе се докаже на 24 април и 8 мај.

„Немаше важен процес во Северна Македонија што се одвиваше без дијаспората, почнувајќи од првото политичко движење. Тетовскиот Универзитет беше невозможен проект без поддршка од дијаспората, исто така до формирањето на партијата која сега е на власт, како што сте сега посветени од дијаспората да ја смените истата партија. Двапати се натпреварував во Гостивар и дојдоа значителен број на луѓе од диаспората. Тие го сензибилизираат населението и покажуваат колку е важно да се гласа за да се направи промена. Ние се приклучивме и го направивме нашето, вие продолжите да ја работите својата работа, да гласате за политичката ротација што треба да се случи во Северна Македонија. На овој начин овозможуваме дел да се врати да живее Северна Македонија. Можете да комуницирате со луѓето, да побарате да не поддржат на 24 април, бидејќи 24 април ќе биде клучот за големата парламентарна победа на 8 мај“ – истакна Арбен Таравари на централниот митинг со дијаспората во Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот