Со хеликоптер на МВР по вторпат пренесено лице со мозочен удар од Унгарија во Скопје

by Fokus

Македонски државјанин кој доживел мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија денеска беше превезен со полициски хеликоптер на МВР на скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК ).

Ова е вторпат да се извршува таков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје, по првиот пат на 11 април.„

Денеска беше реализирано успешно воздухопловно превезување од  Унгарија на болно лице, македонски државјанин, до Република Северна Македонија со полициски хеликоптер на МВР, што се опремува со потребна медицинска опрема пред секој таков лет, а по реализацијата на хуманата акција се вади. Конкретно, на 18 април преку Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи, а подоцна и преку официјалната електронска пошта на ЦУК и до директорот Стојанче Ангелов, пристигна барање за воздухопловен транспорт од Унгарија до Македонија на болно лице, македонски државјанин, којшто во Унгарија доживеал мозочен удар, па повеќе денови бил во болница во Унгарија, во градот Сегед.

Поврзани новости